Запознавање со главните ликови од Harry Potter
Albus Dumbledore
McGonagall Minerva
Severus Snape
Remus Lupin
Волшебниот свет на Harry Potter !
Ретроспективи низ серијалот откриваат дека додека Хари бил сè уште бебе, го сведочел убиството на своите родители од страна на Лорд Волдеморт, мрачен волшебник опседнат со расната чистота.[10] За причини отпрвин неоткриени, обидот на Волдеморт да го убие Хари бил неуспешен.[10] Волдеморт навидум бил убиен, а Хари преживеал со само мала лузна на неговото чело во форма на громотевица како потсетник на нападот.[10] Како ненамерен спасител од теророт на Волдеморт, Хари станува жива легенда во волшебничкиот свет. Сепак, по наредба од неговиот бранител, волшебникот Албус Дамблдор, Хари е сместен во домот на своите непријатни нормални (неволшебници) роднини, кои иако го чуваат на безбедно, воопшто не му кажуваат за неговото вистинско потекло.[10]
Првиот роман од серијалот, Хари Потер и Каменот на мудроста, започнува приближно пред единаесеттиот роденден на Хари. Полуџинот Рубеус Хагрид му ја открива вистината за негвото потекло и го воведува во волшебничкиот свет.[10] Светот кој Џ. К. Роулинг го има создадено е сосема одвоен, но воедно и врзан со вистинскиот свет на Нормалните. Додека фантастичниот свет Нарнија е алтернативен свет, а светот во Господар на прстените, Средна Земја е дел од митско минато, волшебниот свет во Хари Потер постои паралелно со вистинскиот свет и содржи волшебни елементи слични на тие од неволшебничкиот свет, па затоа многу од волшебничките установи и локации се на места познати за неволшебничкиот свет, како на пример Лондон.[11] Книгите опфаќаат фрагментирана колекција од скриени улички, престари гостилници, осамени селски вили и изолирани замоци кои остануваат невидливи за очите на неволшебничката популација, Нормалните.[7]
Со помош на Хагрид, Хари се подготвува и ја започнува неговата прва година во Хогвортс. Како што Хари почнува да го истражува волшебничкиот свет, на читателот му се претставени многу важни локации од серијалот. Хари ги запознава повеќето од главните ликови и станува најдобар пријател со: Рон Визли, великодушно момче од старо, огромно, среќно, но сиромашно волшебничко семејство и Хермиона Гренџер, интелигентно девојче со неволшебничко потекло.[10][12] Хари исто така го запознава и училишниот професор по волшебни напивки, Северус Снејп, кој покажува длабок и траен презир кон Хари. Заплетот свршува со второто сретнување на Хари со Волдеморт, кој во потрагата по бесмртност, копнее да се здобие со моќта на каменот на мудроста.[10]
Серијалот продолжува со Хари Потер и Одајата на тајните прикажувајќи ја втората година на Хари во Хогвортс. Тој и неговите пријатели почнуваат да истражуваат мистерија стара педесет години која изгледа доста поврзана со злотворните скорешни настани во училиштето. Романот навлегува во историјата на Хогвортс и во легендата за „Одајата на тајните“, подземно дувло на древно зло. За првпат, Хари ги сфаќа расните разлики во волшебниот свет и дознава дека терорското владеење на Волдеморт било извршувано поради неговата омраза кон волшебниците кои потекнувале од неволшебничко семејство. Хари е исто така шокиран кога дознава дека е змиоуст (може да комуницира со змии); оваа ретка способност често пати е поврзувана со мрачните вештини. Книгата завршува кога Хари ја спасува младата сестра на Рон, Џини Визли, поразувајќи го обидот на Волдеморт да се врати преку старо сеќавање врежано во дневник.[10]
Третиот роман, Хари Потер и Затвореникот од Азкабан, го следи Хари во неговата трета година на магично образование. Оваа книга е всушност единствената книга која не го обработува Волдеморт. Наместо тоа, Хари мора да се соочи со сознанието дека е мета на Сириус Блек, убиец кој штотуку избегал од волшебничкиот затвор Азкабан, за кој се верува дека е вмешан во убиството на родителите на Хари.
Борејќи се со својата рекација кон дементорите - мрачни суштества со моќ да ја исцицаат душата на човекот - кои наводно го чуваат училиштето, Хари бара помош од Ремус Лупин, новиот учител по одбрана од мрачните вештини со мрачна тајна. Лупин го учи Хари на одбрандбени магии кои се над потребното ниво на знаење на еден волшебник како Хари. Хари дознава дека двајцата, Лупин и Блек биле блиски пријатели со татко му и дека Блек е погрешно обвинет за предавство по вина на четврт пријател, Питер Петигру.[13]
Mozete da stavate linkovi da komentirate i slicno
ReplyDeleteOdlicno, dobri informacii i ubav dizajn. :)
ReplyDelete