Запознавање со главните ликови од Harry Potter

Хари Потер дискусии е интересна страна која може со тек на време многу да ви помогне и да разберете некој работи што во филмот не сте ги разбрале!
Јас за почеток ќе почнам со ликот Хари Џејмс Потер/Daniel Redclife: Тоа момче останало без родители уште од една годинка, неговите родители биле убиени од Господарот на Темнината (Lord Voldemort) ,од како Хари ќе порасне тој ќе живее со неговите тетка и тетин и неговиот братучед.Тие ќе се однесуваат многу строго кон него но како и да е тој мора да прифати!Но од како ќе му дојде на Хари писмо за да се упише во училиштето ''Hogwarts'' неговиот живот целосно ќе се смени.Тој ќе се запознае со многу работи, ќе открие многу работи во животот и ќе запознае многу добри пријатели што цело вереме ќе бидат до него!Сега ќе ве запознаам со неговата пријателка:
Хермиона Џин Гренгер/Emma Watson:Таа е многу љубопитна личност имам многу потенцијал во себе и знае како и што да прави во вистинско време!Таа е најпаметната ''Вештерка'' од сите генерации има многу интелегенција и секогаш помага.Но и таа исто така се дружи многу со Хари и го почитува како пријател.Таа е најмила и паметна.
Рон Висзли/Rupert Grint:Рон е срамежливо, момче кое многу брзо се спријателувла со Хари и Хермиона тој малку не е по учењето ама сепак е многу добра личност.Тој има четри браќа и една сестра помала од него.Тој е одличен пријател и супер му иде моабетот со Хари и Хермиона.




Albus Dumbledore

-Albus Dumbledore:Тој ќе се појави во филмот Harry Potter-and the philosopher's stone. Има многу добра улога во филмот Harry Potter. Многу ќе ги засака Хари рон и хермиона.

McGonagall Minerva

McGonagall:Таа е многу добра наставничка и ја води групата '' Gryffindor ''.Таа работи во Hogwarts многу години.И во оваа група спаѓаат Хари,Рон и Хермиона тројцата најдобри пријатели!

Severus Snape

Severus Snape:Тој е професор по напивки на Хари.Северус е добар човек, тој ја води групата ''Slytherin''.Тој работи таму од кога неговата пријателка односно мајакта на Хари почина.

Remus Lupin

Remus Lupin: Овој наставник бил многу добар пријател со мајката и таткото на Хари.Тој ќе работи во Hogwarts од 3 дел.Тој е многу интелегентен човек.

Волшебниот свет на Harry Potter !

Ретроспективи низ серијалот откриваат дека додека Хари бил сè уште бебе, го сведочел убиството на своите родители од страна на Лорд Волдеморт, мрачен волшебник опседнат со расната чистота.[10] За причини отпрвин неоткриени, обидот на Волдеморт да го убие Хари бил неуспешен.[10] Волдеморт навидум бил убиен, а Хари преживеал со само мала лузна на неговото чело во форма на громотевица како потсетник на нападот.[10] Како ненамерен спасител од теророт на Волдеморт, Хари станува жива легенда во волшебничкиот свет. Сепак, по наредба од неговиот бранител, волшебникот Албус Дамблдор, Хари е сместен во домот на своите непријатни нормални (неволшебници) роднини, кои иако го чуваат на безбедно, воопшто не му кажуваат за неговото вистинско потекло.[10]

Првиот роман од серијалот, Хари Потер и Каменот на мудроста, започнува приближно пред единаесеттиот роденден на Хари. Полуџинот Рубеус Хагрид му ја открива вистината за негвото потекло и го воведува во волшебничкиот свет.[10] Светот кој Џ. К. Роулинг го има создадено е сосема одвоен, но воедно и врзан со вистинскиот свет на Нормалните. Додека фантастичниот свет Нарнија е алтернативен свет, а светот во Господар на прстените, Средна Земја е дел од митско минато, волшебниот свет во Хари Потер постои паралелно со вистинскиот свет и содржи волшебни елементи слични на тие од неволшебничкиот свет, па затоа многу од волшебничките установи и локации се на места познати за неволшебничкиот свет, како на пример Лондон.[11] Книгите опфаќаат фрагментирана колекција од скриени улички, престари гостилници, осамени селски вили и изолирани замоци кои остануваат невидливи за очите на неволшебничката популација, Нормалните.[7]

Со помош на Хагрид, Хари се подготвува и ја започнува неговата прва година во Хогвортс. Како што Хари почнува да го истражува волшебничкиот свет, на читателот му се претставени многу важни локации од серијалот. Хари ги запознава повеќето од главните ликови и станува најдобар пријател со: Рон Визли, великодушно момче од старо, огромно, среќно, но сиромашно волшебничко семејство и Хермиона Гренџер, интелигентно девојче со неволшебничко потекло.[10][12] Хари исто така го запознава и училишниот професор по волшебни напивки, Северус Снејп, кој покажува длабок и траен презир кон Хари. Заплетот свршува со второто сретнување на Хари со Волдеморт, кој во потрагата по бесмртност, копнее да се здобие со моќта на каменот на мудроста.[10]

Серијалот продолжува со Хари Потер и Одајата на тајните прикажувајќи ја втората година на Хари во Хогвортс. Тој и неговите пријатели почнуваат да истражуваат мистерија стара педесет години која изгледа доста поврзана со злотворните скорешни настани во училиштето. Романот навлегува во историјата на Хогвортс и во легендата за „Одајата на тајните“, подземно дувло на древно зло. За првпат, Хари ги сфаќа расните разлики во волшебниот свет и дознава дека терорското владеење на Волдеморт било извршувано поради неговата омраза кон волшебниците кои потекнувале од неволшебничко семејство. Хари е исто така шокиран кога дознава дека е змиоуст (може да комуницира со змии); оваа ретка способност често пати е поврзувана со мрачните вештини. Книгата завршува кога Хари ја спасува младата сестра на Рон, Џини Визли, поразувајќи го обидот на Волдеморт да се врати преку старо сеќавање врежано во дневник.[10]

Третиот роман, Хари Потер и Затвореникот од Азкабан, го следи Хари во неговата трета година на магично образование. Оваа книга е всушност единствената книга која не го обработува Волдеморт. Наместо тоа, Хари мора да се соочи со сознанието дека е мета на Сириус Блек, убиец кој штотуку избегал од волшебничкиот затвор Азкабан, за кој се верува дека е вмешан во убиството на родителите на Хари.

Борејќи се со својата рекација кон дементорите - мрачни суштества со моќ да ја исцицаат душата на човекот - кои наводно го чуваат училиштето, Хари бара помош од Ремус Лупин, новиот учител по одбрана од мрачните вештини со мрачна тајна. Лупин го учи Хари на одбрандбени магии кои се над потребното ниво на знаење на еден волшебник како Хари. Хари дознава дека двајцата, Лупин и Блек биле блиски пријатели со татко му и дека Блек е погрешно обвинет за предавство по вина на четврт пријател, Питер Петигру.[13]



Monday, September 26, 2011

Денес ќе зборуваме за првиот филм-Harry Potter and the philosopher's stone

Хари Потер и Каменот на мудроста (англиски: Harry Potter and the Philosopher's Stone, во САД и Индија пренасловен како Harry Potter and the Sorcerer's Stone), е фантастично-авантуристички филм од 2001 година базиран врз истоимениот роман од Џоан К. Роулинг. Режиран од Крис Колумбус, е прв филм од популарниот Хари Потер филмски серијал. Приказната го следи Хари Потер, момче кое на својот единаесетти роденден дознава дека е волшебник и започнува со своето волшебно образование во училиштето за магии и волшебништво Хогвортс. Даниел Редклиф го глуми Хари Потер, наспроти Руперт Гринт и Ема Ватсон, како најдобрите другари на Хари, Рон Визли и Хермиона Гренџер. Возрасниот дел од актерската екипа е сочинет од Ричард Харис, Меги Смит, Роби Колтрејн, Алан Рикман и Иан Харт.
Warner Bros. ги купиле правата за книгата во 1999 година. Продуцијата започнува во 2000, со Колумбус одбран како режисер од кратка листа на кандидати да го создаде филмот. Писателката Роулинг инсистирала целата актерска екипа да се состои од Британци или Ирци за да се зачува културниот идентитет на книгата и филмот. Роулинг исто така го одобрила и сценариото напишано од Стив Кловс. Филмот во главно се снимал во Leavesden Film Studios, како и во историски градби низ државата, и конечно беше излезен во САД и Обединетото Кралство во неомври, 2001. Заедно со во поголем дел позитивната критичка прифатеност, филмот заработи 976 милиони долари и три номинации за Оскар. Филмот исто така е петти филм со најголема зараборувачка на сите времиња. Втората, третата, четвртата, петтата и шесттата се сите адаптирани во успешни филмови, со седмиот потврден.

http://www.youtube.com/watch?v=zCNHVMIYqiA

Saturday, September 24, 2011

Нешто малку повеќе за Harry Potter!


Хари Потер е серијал од седум фантастични книги напишани од британската авторка Џ. К. Роулинг. Книгите ги следат авантурите на адолесцентниот волшебник Хари Потер и неговите најдобри пријатели Рон Визли и Хермиона Гренџер, од кои сите се ученици во училиштето за магии и волшебништво Хогвортс. Централното дејствие се сосредоточува околу борбата на Хари со злобниот волшебник Лорд Волдеморт, кој ги убил родителите на Хари во походот да го освои волшебничкиот свет и да го потчини неволешбничкото општество. Направени се неколку успешни филмови, видеоигри и други разновидни трговски производи базирани на серијалот.
Сè од издавањето на првиот роман Хари Потер и Каменот на мудроста во 1997, книгите имаат стекнато неизмерна популарност, критичко одобрување и рекламен успех низ целиот свет.[1]Заклучно со јуни 2008, продадени се над 400 милиони примероци од целиот серијал кој е пак преведен на 67 различни јазици,[2][3] а последните четири книги имаат поставено рекорд на најпродавани книги.
Англиските верзии на книгите се издадени од Bloomsbury во Обединетото Кралство, од Scholastic Press во САД, од Allen & Unwin во Австралија и од Raincoast Books во Канада. Во Македонија, првите пет книги на македонски јазик се издадени од Култура, додека шестата книга од Матица македонска, со седмата книга најавена. До сега, првите шест романи се адаптирани во серија филмови од Warner Bros., со шестиот, Хари Потер и Полукрвниот Принц излезен на 15 јули, 2009.[4] Од серијалот има произлезено сврзана трговска стока, правејќи го целокупниот Хари Потер бренд вреден 7 милијарди фунти (15 милијарди долари).[5]